Малата Емили го прослави својот деветти роденден во рацете на Хамас, татко ѝ не губи надеж: „Ќе славиме кога ќе се врати дома“

Малата Емили го прослави својот деветти роденден во рацете на Хамас, татко ѝ не губи надеж: „Ќе славиме кога ќе се врати дома“

пред 1 година

Емили Хенд, девојката за која првично се мислеше дека е убиена, но нејзиното семејство неодамна доби информација дека, најверојатно, е киднапирана и е во рацете на Хамас, денес го прослави својот 9-ти роденден далеку од најблиските.

Емили била киднапирана од својот кревет во кибуцот Бери додека била во посета на пријател на 7 октомври кога Хамас ненадејно го нападна Израел.

„Ќе славиме кога таа ќе си дојде дома. Потоа ќе направиме голема забава со подароци, балони и торта и ќе бидат поканети сите нејзини пријатели“, рече таткото на Хенд.

Томас испратил и директна порака до Хамас, кој ја држи ќерка му.

„Тие не се војници, тие се само деца. Ве молиме, пуштете ги“, рече тој.

Тој едвај ги задржа солзите во пресрет на нејзиниот роденден признавајќи дека сè уште не може да замисли низ што поминува таа.

Тој ветил дека кога ќе се врати дома, нема да ја прати на училиште барем една година.

„Ќе ѝ го подариме светот, само среќни времиња“, рече тој и истакна дека само сака Емили да се врати дома.

Интервјуто што го даде татко ѝ во времето кога се мислеше дека таа е мртва го обиколи светот. Тој тогаш рече дека му олеснило мислејќи дека таа е мртва, а не е во рацете на Хамас, но подоцна рече дека жали за тие зборови.

Денес тој само сака повторно да ја прегрне ќерка си.

Текстот Малата Емили го прослави својот деветти роденден во рацете на Хамас, татко ѝ не губи надеж: „Ќе славиме кога ќе се врати дома“ е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top