Масакр во Нигер, убиени 69 луѓе, меѓу кои и градоначалник

пред 3 години

Неидентификувани вооружени лица убија 69 луѓе, вклучително и локален градоначалник на крајниот југозапад на Нигер.

Делегацијата, предводена од градоначалникот на Банибангуа, беше нападната од заседа, на околу 50 километри од градот, во близина на границата со Мали, а областа е доминирана од милитанти поврзани со локалниот огранок на Исламска држава, кој уби стотици цивили во руралните области на Нигер.

Петнаесет лица го преживеаја нападот, за кој се уште ниту една група не ја презеде одговорноста, а потрагата по сторителите е во тек, изјави министерот за внатрешни работи Алкаче Алхада на државната телевизија.

Сиромашната, сушна зона на Западна Африка, која ги опфаќа пограничните области на Нигер, Мали и Буркина Фасо, е погодена од насилство во последниве години. Со исклучок на насилството во вторникот, исламистичките групи убиле повеќе од 530 луѓе оваа година во напади врз цивили во пограничните региони на југозападен Нигер, пет пати повеќе отколку во цела 2020 година, според невладината организација ACLED.

Share
Scroll to Top