Поранешниот руски претседател, Дмитриј Медведев, и сегашен потпретседател на Советот за безбедност, со многу остри зборови ги коментира одлуките донесени во Брисел во врска со заемот за Украина.
Тој им порача на лидерите на ЕУ дека тие се крадци што „се плашат да извршат грабеж или отворено да украдат руски пари“.
Во објава на социјалните мрежи Медведев потсети на фактот дека САД „директно се спротивставија на кражбата“.
„Брисел не се откажа од своите планови за извршување понатамошни грабежи или кражби“, рече тој нагласувајќи дека „бриселската банда одлучи привремено да се скрие“.
„Учесниците поканети од неколку други земји од ЕУ одбија да придонесат во Европскиот заеднички фонд за поддршка на киевските стаорци“, рече Медведев, меѓу другото.
„Сето ова укажува на почеток на голема прераспределба на моќта во европското подземје“, заклучи Медведев во објава што ја почна со зборовите: „Европски вести за криминалот“.
Фото: депозитфотос
Текстот Медведев до лидерите на ЕУ: „Што има, крадци, се плашите ли?“ е превземен од МАКФАКС.




