Медведев: Западот се обидува да ја попречи научната соработка на Русија со други земји

Медведев: Западот се обидува да ја попречи научната соработка на Русија со други земји

пред 6 месеци

Западот се обидува да ја попречи научната соработка на Русија со други земји, но Москва се уште има многу партнери во странство заинтересирани за заедничка работа, изјави заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност Дмитриј Медведев.

„Продолжуваме да ја прошируваме меѓународната соработка во науката. И тука, се разбира, нашите противници се обидоа да нанесат што е можно поголема штета со тоа што и зададоа смртен удар“, рече Медведев на седницата на Претседателството на Советот за наука и образование.

Сепак, како што наведе тој, Русија „сè уште има партнери во многу земји во светот кои се искрено заинтересирани за соработка со Русија“, пренесува ТАСС.

Според него, „мегагрант програмата ја покажа својата вредност“.

„Тоа помогна да се привлечат повеќе од 50 водечки научници од странство во 2022 година“, прецизира тој.

Медведев повтори дека оваа година Русија претседава со агенциите на Евроазиската економска унија (ЕАЕУ), додека во мај рускиот претседател Владимир Путин покрена иницијатива да ја доведе научната и образовната соработка со земјите од ЕАЕУ на ново ниво со цел да ги здружат силите и да развиваат и спроведуваат напредни решенија во економијата.

„Нашата земја ги подготви своите предлози за спроведување на овие иницијативи следната година. Секако, потребно е да се достават на разгледување до партнерите во Евроазиската економска унија што е можно поскоро, пред крајот на оваа година“, посочи Медведев.

Текстот Медведев: Западот се обидува да ја попречи научната соработка на Русија со други земји е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top