Медведев за запирањето на „Северен тек“: Европејците сега ќе плаќаат огромна цена за гасот

пред 3 години

Дмитри Медведев, поранешниот претседател на Русија и актуелен заменик-претседател на рускиот Совет за безбедност, жестоко реагираше на најавата на Германија за стопирање на проектот Северен тек 2.

„Германскиот канцелар Олаф Шолц издаде наредба да се запре проектот за гасоводот Северен тек 2. Добредојдовте во еден нов свет каде што Европејците наскоро ќе платат 2.000 евра за 1.000 кубни метри природен гас“, рече Медведев.

Германскиот канцелар Олаф Шолц, како одговор на вчерашното признавање на провинциите Доњецк и Луганск, ја прекина сертификацијата на гасоводот Северен тек 2.

Share
Scroll to Top