Медведев: Конфликт меѓу Русија и Америка за Украина би бил катастрофално сценарио

пред 2 години

Русија и САД треба дипломатски да ја решат украинската криза, наместо ескалација на тензиите за собирање на политички поени, изјави високиот руски безбедносен функционер и поранешен претседател, Дмитриј Медведев.

„Очигледно, најважниот и единствениот начин да се постигне договор за безбедносните гаранции е преку политички и дипломатски средства, преговори, користење на принципот на неделивост на безбедноста“, рече Медведев, пренесуваат агенциите.

Тој додаде дека потенцијалниот конфликт меѓу Русија и Вашингтон за Украина ќе биде катастрофално сценарио и изрази стравување дека „жешките глави“ во САД и НАТО воопшто замислуваат такво сценарио.

„Сметам дека тоа никогаш нема да се случи“, рече тој.

Неговите коментари одговараат на моделот на помека, поодбранбена реторика од Москва по неколку недели поагресивни забелешки од високи функционери, пишуваат медиумите.

„Другата работа е што има многу луѓе кои заработуваат на тоа, шпекулираат со тоа. Некои го прават тоа од незнаење, други затоа што водат одредена политичка агенда“, рече Медведев.

Медведев кој важи за близок сојузник на рускиот претседател Владимир Путин и претседател од 2008 до 2012 година, посочува на висок американски сенатор за кој рече дека јавно ја разгледал можноста за ограничен руско-американски нуклеарен конфликт.

Медвед сега е заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија.

Share
Scroll to Top