Медведев: Секој упад на Крим ќе биде објава на војна на Русија

пред 3 години

Поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев изјави дека секој упад на полуостровот Крим од страна на земја-членка на НАТО може да значи објавување војна на Русија, што може да доведе до трета светска војна.

var ai_block_div = document.getElementsByClassName (‘ai-viewports’); ai_insert_code (ai_block_div [ai_block_div.length – 1]);

„За нас, Крим е дел од Русија“, изјавил Медведев.

„А ако една земја-членка на НАТО го прави тоа, тоа значи конфликт со целата Северноатлантска алијанса. Трета светска војна. Целосна катастрофа“, кажал Медведев, сега заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија.

Тој исто така додал дека доколку Финска и Шведска се приклучат на НАТО, тие ќе ги зајакнат своите граници и ќе бидат подготвени за одмазда, а тоа би можело да ја вклучи можноста за поставување хиперсонични ракети Искандер на нивниот праг.

Share
Scroll to Top