Медиуми: Гнев во Израел поради најавата за примирје од Трамп

Медиуми: Гнев во Израел поради најавата за примирје од Трамп

пред 2 часа

Во Израел владее гнев откако Трамп објави прекин на огнот во Либан пред израелскиот кабинет да гласа за него, јавува израелскиот „Канал 12“.

Според написите, објавата на веста од страна на американскиот претседател се доживува како ново понижување за Израел, бидејќи ниту владата ниту дел од јавноста не сакаа војната да престане сега.

Најавата на Трамп, како што пишуваат медиумите, дојде во време кога израелските сили се уште се на терен во Либан и продолжуваат да напаѓаат цели во таа земја.

Според Хаарец, армијата била подготвена да прекине со огнот вечерва, но најавата сепак изненади многумина бидејќи дојде пред самите Израелци да можат да ја објават.

Текстот Медиуми: Гнев во Израел поради најавата за примирје од Трамп е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top