Меланија нема да го посети Трамп во болница

пред 4 години

Сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија, која исто така има вирус Ковид-19, нема да го посети сопругот во болница поради ризик за вработените.

Првата дама на САД остана во Белата куќа, пишува „Ен-би-си њуз“.

„Таа има Ковид. Нешто такво би ги изложило агентите што ја возат и медицинскиот персонал што оди со неа на ризик и тие да се разболат”, рече еден од службениците.

Американскиот претседател е во болница, додека Меланија остана во Белата куќа.

Share
Scroll to Top