Мелбурн: Нема нови случаи на коронавирус по повеќе од четири месеци

пред 4 години

По повеќе од четири месеци, во Мелбурн денес не се пријавени нови случаи на коронавирус. Владата на австралиската држава Викторија објави дека од утре сите продавници и угостителски објекти повторно ќе можат да работат, како и спортските натпревари на отворено можат да продолжат.

Од 8 ноември завршува забраната за жителите на Мелбурн да се движат повеќе од 25 километри од дома и ќе можат да патуваат во другите делови на Викторија.Во Мелбурн, како извор на инфекција, беа воведени строги ограничувачки мерки на почетокот на јули.

Владата на Викторија е обвинета за нанесување непотребна економска штета, одбивајќи да ги олесни мерките.Последната смрт предизвикана од Ковид-19 е регистрирана во Викторија пред седум дена.

Во Викторија, вирусот зеде 817 животи, а во остатокот од Австралија вкупно 88 лица.На почетокот на август, повеќе од 700 нови случаи биле регистрирани во Викторија секој ден, според АП.

Share
Scroll to Top