Европската Унија претпочита да постигне трговски договор со Велика Британија, но таа е подготвена за сите сценарија, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.
Ангела Меркел изјави во долниот дом на германскиот парламент дека е постигнат напредок, но дека не е постигната точка на пресврт, пренесува „Ројтерс“.
Германската канцеларка додаде дека разговорите меѓу Велика Британија и Европската комисија ќе продолжат до крајот на неделата.