Меркел: ЕУ е подготвена за сите сценарија со Велика Британија

пред 3 години

Европската Унија претпочита да постигне трговски договор со Велика Британија, но таа е подготвена за сите сценарија, изјави германската канцеларка Ангела Меркел.

Ангела Меркел изјави во долниот дом на германскиот парламент дека е постигнат напредок, но дека не е постигната точка на пресврт, пренесува „Ројтерс“.

Германската канцеларка додаде дека разговорите меѓу Велика Британија и Европската комисија ќе продолжат до крајот на неделата.

Share
Scroll to Top