Меркел: Ни претстојат тешки недели со коронавирусот

пред 3 години

Германската канцеларка во заминување Ангела Меркел повика на вакцинација и изјави дека е потребен напор на ниво на целата држава за да се запре новиот бран на коронавирус. Таа изрази загриженост од ситуацијата и најави дека на Германија и претстојат тешки недели.

„Потребни ни се национални напори за да се прекине тешкиот есенски и зимски бран на епидемијата“, рече Меркел.

Во Германија во последните 24 часа од коронавирус починале 228 луѓе, а се заразиле 45.081 лице.

Околу 67 отсто од населението во Германија примиле две дози од вакцината, но властите сметаат дека тој процент треба да биде најмалку 75.

Share
Scroll to Top