Меркел разговараше со Ердоган за конфликтот на Кавказ

пред 4 години

Германската канцеларка Ангела Меркел преку видео конференција разговараше со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Таа се изјасни за примирје во конфликтот помеѓу Ерменија и Азербејџан.

Канцеларката нагласила дека е неопходно воспоставување разговори во рамки на Минск групата ОБСЕ, која би имала за цел суштински напредок.

Исто така, Меркел се изјаснила за преземање брзи чекори во врска со агендата за понатамошен развој на односите меѓу ЕУ и Турција, како што е предвидено со заклучоците на последниот Совет на ЕУ.

Меркел ја истакнала потребата за намалување на тензиите на источниот Медитеран.

Share
Scroll to Top