Меркел сака измена во законот за воведување на задолжителен „локдаун“

пред 5 години

Следниот понеделник нема да има состанок меѓу германската канцеларка Ангела Меркел и премиерите на сојузните покраини, кои инаку заеднички одлучуваат за мерките за борба против пандемијата, а често имаат и спортивставени ставови.

Канцеларката Меркел периодов се залага за поостри мерки, додека покраинските премиери се за порелаксиран пристап.

Нивниот најавен состанок за дискутирање на мерките сега е откажан, пренесуваат „Ројтерс“ и АРД.

Според агенцијата „Ројтерс“, германската федерална влада следната недела, во тесен договор со сојузните покраини и Бундестагот, има намера да покрене измена на законот со која се предвидува „директно обврзувачка и сеопфатна итна сопирачка (т.е. заклучување) за општините со инциденца од 100 или повеќе“.

Под инциденца од 100, постојните одлуки на Конференцијата на покраинските премиери треба да продолжат да се применуваат, а на тој начин би ја задржале својата јурисдикција.

Министерот за здравство Јенс Шпан рече дека деталите ќе бидат разгледани во федералната влада, но дека ќе одлучи Бундестагот.

Share
Scroll to Top