Меркел: Секој контакт што нема да се случи е добар за борба против пандемијата

пред 4 години

Средбата меѓу германската федерална влада и сојузните земји заврши без конкретни одредби за нови мерки во борбата против коронавирусот.

Сепак, учесниците на тој состанок апелираа до граѓаните да ги сведат на минимум социјалните контакти.

„Секој контакт што нема да се случи е добар за борба против пандемијата“, рече германската канцеларка Ангела Меркел по видеоконференцијата со премиерите на германските сојузни држави.

Меркел истакна дека сака да го претвори овој апел во конкретна одредба, но дека претставниците на сојузните земји не се согласуваат сo тоа, пренесува „Јутарњи лист“.

Предвидено е Меркел и федералните премиери да се состанат следната недела во среда за да разговараат за обврзувачките мерки, кои треба да стапат на сила по крајот на ноември, до кога се во сила сегашните мерки за затворање на угостителските објекти, хотели и културни институции.

Во понеделникот беше одлучено овие мерки за затворање да останат на сила барем до крајот на првата недела од декември, така што ќе биде можно подобро да се процени нивното влијание.

Share
Scroll to Top