Ангела Меркел им порача на лидерите на нејзината конзервативна партија (ЦДУ) дека мерките преземени за запирање на ширењето на коронавирусот во најголемата европска економија се недоволни и дека е потребна посилна акција.
„ Се наоѓаме во драматична ситуација. Мерките што сега се на сила не се доволни“ им порачала Меркел на лидерите на ЦДУ на средбата, дознава „Ројтерс“ од двајца учесници на денешната средба.