Меркел ќе зема пензија од околу 15.000 евра

пред 3 години

Германската канцеларка Ангела Меркел ќе добие месечна пензија од околу 15.000 евра, според пресметката на германското Здружение на даночни обврзници.

Меркел (67) се повлекува од политичкиот живот по парламентарните избори во септември.

Пензијата се пресметува врз основа на платите што ги добивала како член на сојузниот парламент, сојузната влада и како канцеларка.

Како и сите поранешни канцелари и претседатели, Меркел ќе има право на официјална канцеларија.

Државата ќе издвојува надомест и за секретарот во канцеларијата, двајца асистенти, дактилограф и возач.

Ангела Меркел е постојана канцеларка на Германија од 2005 година, а во 2018 година поднесе оставка од лидерската функција во Христијанско -демократската унија (ЦДУ) и објави дека нема да се кандидира за петти канцеларски мандат.

Во јули, таа рече дека по напуштањето на функцијата, планира добро да се одмори и да размисли што е тоа што навистина ја интересира.

Кажа и дека за тоа намала време во текот на 16 години како канцеларка.

„Тогаш можеби ќе се обидам да прочитам нешто, па очите ќе ми се затворат затоа што сум уморна, па малку ќе отспијам и потоа ќе видам“, рече таа.

Меркел додаде дека нема да и недостасува времето во кое постојано носела одлуки, иако оваа навика веројатно ќе значи дека низ нејзината глава постојано ќе се вртат мисли за тоа што треба да се направи.

„И тогаш многу брзо ќе се сетам дека сега тоа го прави некој друг. И мислам дека ќе бидам многу среќна поради тоа“, рече Меркел.

Share
Scroll to Top