Законските мерки против Унгарија, иницирани од Европската комисија заради законот што го смета за дискриминаторски кон ЛГБТ луѓето, се еднакви на „правно хулиганство“ и се срамни, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан за време на интервју за државното радио.
Акциите против Унгарија се поврзани со новиот закон кој забранува употреба на материјал во училиштата во кои се промовира хомосексуалноста, потсетуваат медиумите.
“Не можеме да дозволиме сексуални лобисти да влезат во нашите училишта. Брисел нè принудува да направиме нешто што не сакаме”, додаде Орбан.
Групите за човекови права протестираа против законот, што претседателот на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, го нарече „срамен“.