Мерц и Трамп разговараа за Иран

Мерц и Трамп разговараа за Иран

пред 3 часа

Германскиот канцелар, Фридрих Мерц, разговараше со Доналд Трамп за војната во Иран.

„Попладнево разговарав за ситуацијата во Иран, Израел и Украина со американскиот претседател Доналд Трамп. Се согласивме да останеме во близок контакт. Наскоро ќе го продолжиме разговорот“, напиша Мерц на социјалните мрежи.

Двајцата лидери се сретнаа во Белата куќа претходно овој месец, неколку дена по првите американско-израелски напади врз Иран.

Но, Мерц во средата изјави дека овој конфликт не е од корист за никого и е штетен за сите, како и дека Германија не била консултирана пред нападот.

Текстот Мерц и Трамп разговараа за Иран е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top