Британската метеоролошка служба издаде повеќе од 180 предупредувања за обилни врнежи и поплави во целата земја, а во тек е операција за спасување на возачите заглавени на поплавениот автопат М5, објавија денеска британските медиуми.
Како што јави „Скај њуз“, поплавен е и стадионот на локален фудбалски клуб, кој апелира за помош за санирање на последиците од невремето.
Дождот, кој паѓа со денови, најтешко ги погоди северните и централните делови на Англија и Велс предизвикувајќи голем прекин на сообраќајот во Милтон Кејнс, Оксфордшир, Кембриџшир, Лестершир и Западен Мидлендс.
Текстот Метеоролозите во Велика Британија издадоа повеќе од 180 предупредувања за поплави е превземен од МАКФАКС.






