Седум работници во Камбоџа починале откако испиле алкохол, кој им бил даден како средство за дезинфекција, додека биле во карантин.
Починатите работници се вратиле во Камбоџа од Тајланд, по што биле ставени во карантин поради пандемијата на коронавирус, јавува „Скај њуз“.
Министерот за здравство на Камбоџа, Мам Бунхенг, изјави дека починатите мешале алкохол за дезинфекција со вода и други безалкохолни пијалоци за време на нивниот престој во карантин.
Уште 12 лица се хоспитализирани поради проблеми со дишењето, главоболки и вртоглавици откако ја испиле истата смеса. Според податоците на Националната токсиколошка мрежа на САД, смртоносната доза на алкохол за дезинфекција за возрасни е 250 милилитри.