Меѓународната агенција: Длабоко сме загрижени за нуклеарната централа што ја освоија Русите

пред 2 години

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) на „Твитер“ објави дека украинската нуклеарна централа Запорожје, инаку најголемата нуклеарна централа во Европа, е под контрола на руските сили.

„Украина ја информираше МААЕ дека редовен персонал работи во нуклеарната централа Запорожжја, но раководството на централата добива наредби од руските сили кои ја контролираат областа. Директорот на МААЕ е длабоко загрижен за најновите случувања“, објави МААЕ на Твитер.

Share
Scroll to Top