Потрагата по двегодишното девојче Данка Илиќ, кое исчезна пред точно седум дена во Бањско Поле кај Бор, сè уште трае. Полицијата постојано ја проверува секоја педа од местото на кое последен пат е видено девојчето, а еден сегмент од истрагата е фокусиран на видеото снимено од српски државјанин во Виена, на кое детето наводно исчезнало. Ивана Илиќ, мајката на исчезнатото девојче, првпат по исчезнувањето на Данка, за „Нова.рс“ открива колку е повредена од медиумските шпекулации дека таа стои зад сè ова.
Ивана наведува дека таа и сопругот се заедно, дека секојдневно се борат нивното дете што побргу да се врати дома, но и дека со денови се шират многубројни шпекулации за неа.
„Се држиме колку што можеме, само што побргу да ја најдеме Данка. Чекаме да заврши сето ова, се надеваме на најдоброто, а потоа јас и сопругот ќе се огласиме јавно и ќе одговориме на сите навреди, прозивки, небулози. Затоа не се експонираме. Ме болат сите овие шпекулации обвинувајќи ме мене и мојот сопруг“, вели Ивана.
Ивана открива што се крие зад пишувањата на некои таблоиди дека е откриено оти вештачењето на нејзиниот телефон ги пребарало граничните премини со Романија, но и до кој степен таа може кривично да одговара.
„Телефонот беше на вештачење, само ќе кажам. Ако е така, јас не би била мајка што си го бара дететпо, мојот статус би бил поинаков. Сакам само Данка да се врати жива и здрава, па потоа ќе разговараме за сè“, вели Ивана за „Нова.рс“.
Текстот Ме болат сите овие шпекулации обвинувајќи ме мене и мојот сопруг: мајката на Данка Илиќ првпат по исчезнувањето на ќерката е превземен од МАКФАКС.