Милановиќ: На самитот на НАТО некои не ни знаеја за дронот

пред 3 години

Хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ, учествуваше на вонредниот состанок на шефовите на држави и влади на НАТО во Брисел.

„Се спомнуваше регионот, БиХ како земја која наводно е загрозена, но никој не ги спомена Србија и Косово. Србија има избори за неколку дена и имам впечаток дека долго време се во некоја идентитетска криза, па тешко сфаќаат дека за Русите се само фуснота“, рече Милановиќ по средбата.

Милановиќ кажа дека засега не е планирано хрватски војници да заминат во Унгарија. Милановиќ на средбата зборувал и за падот на дронот во Загреб, а откри дека некои од лидерите не ни знаеле за настанот.

„Некои не знаеја, тоа беше очигледно од нивните изрази“, рече Милановиќ.

„Пораката беше дека тоа се случило и дека дронот летал извесно време над територијата на НАТО и паднал. Без вперување со прст кон никого. Зборував и со премиерот Орбан. Тоа се случи и се надеваме дека нема да се повтори. Но тоа и не е работа на НАТО, на тоа требало да реагира првата држава, а тоа е Унгарија. Претпоставувам дека нема да се случи следниот пат. Мислам дека сега се дополнително внимателни“, додаде тој.

Share
Scroll to Top