Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет изјави дека американските сили се „повеќе од подготвени“ да дејствуваат против Иран доколку Техеран не се вклучи во преговори за својата нуклеарна програма.
Тој нагласи дека претседателот Доналд Трамп од самиот почеток бил јасен дека Иран не смее да има нуклеарни капацитети, потсетувајќи на операцијата „Midnight Hammer“, во која САД во јуни 2025 година извршија напади врз ирански нуклеарни постројки.
Хегсет изјави дека Иран „има избор“ – или да преговара, или да се соочи со други опции, додавајќи дека претседателот не сака воена ескалација, но дека Пентагон мора да биде подготвен. На прашањето за можна промена на режимот во Иран, тој не даде директен одговор.
Во меѓувреме, САД ја зајакнуваат воената присутност на Блискиот Исток, додека иранскиот министер за надворешни работи изјави дека договор е можен, но дека Техеран го изгубил довербата во Вашингтон како преговарачки партнер.
Текстот Министерот на Трамп: Повеќе од подготвени сме да дејствуваме против Иран е превземен од МАКФАКС.






