Голем број на влијателни лица и уметници објавија дека се обиделе да бидат намамени на забави со сексуални активности
Расте загриженоста за ‘porta potty‘ забавите откако украинската манекенка oд „Онли фанс“ беше пронајдена фрлена на страна од патот во Дубаи со ужасни повреди, пишува „Мејл Онлајн“.
Марија Ковалчук (20) на пријателите им кажала дека на 9 март била поканета на забава во хотелот пред да исчезне. Десет дена по нејзиното исчезнување, покрај патот била пронајдена претепаната и крвава со скршени екстремитети и кичма.
Се верува дека Марија, која подоцна била итно пренесена во болница и подложена на низа операции, наводно присуствувала на забава наречена ‘porta potty‘, пишува „Мирор“. Ова е таканаречечен настан каде што женските инфлуенсерки се енормно платени да вршат понижувачки сексуални дејствија. Интернет гласините за влијателни луѓе кои летаат во Дубаи за да присуствуваат на овие бизарни забави кружат повеќе од една година. Форуми на „Редит“ се отворени на оваа тема, со корисници кои разговараат за наводните настани, вклучително и гласини дека учесниците мораат да потпишат договори за тајност. Според „Њујорк Пост“, на интернет ѕвездите, моделите и актерките може да им се платат дури 100.000 долари за исполнување на желбите на ултрабогатите мажи.
Марија била на забавата со двајца мажи кои се претставиле како претставници на манекенскиот бизнис, пишуваат украинските медиуми. Според она што е познато, организаторите привлекуваат влијателни лица на такви забави.
„Добивме голем број поплаки од инфлуенсери и уметници кои беа поканети во Дубаи на настапи и настани само за да бидат намамени на забави каде што се очекувало да се вклучат во сексуални активности“, вели Стирлинг, извршен директор на компанија која им помага на клиентите да се движат низ правниот систем на Обединетите Арапски Емирати. Таа, исто така, објасни дека законите за секс надвор од брак во Обединетите Арапски Емирати биле олабавени во 2022 година, а некои поединци ја користат оваа промена.
„Жените треба да бидат свесни дека можат да се соочат со тешки, па дури и опасни ситуации, а ако се работи за оженет маж, може да бидат обвинети за прељуба“, рече таа. Откако беше пронајдена Марија, нејзината мајка Ана долетала од Норвешка и изјавила дека девојката се лекува и дека се ќе биде во ред.
Во исто време, како што пренесува „Мејл Онлајн“, полицијата во Дубаи соопшти дека обемната истрага открила дека Марија претрпела сериозни повреди откако сама влегла на забрането градилиште и паднала од височина. Рускиот весник „Шот“ објави дека семејството на несреќната девојка ја оспорило полициската изјава бидејќи сметаат дека информациите за нејзиното паѓање од градилиштето се лажни. Друг руски медиум, објави дека Марија била во неразбирлива хистерија пред нејзиното исчезнување. Во моментот на нејзиното исчезнување, Марија требало да биде на забава со двајца мажи кои се претставиле како вработени во манекенскиот бизнис, пишуваат неколку украински медиуми. Таа и рекла на мајка си дека ќе преноќи со нив, но потоа исчезнала. Бидејќи резервирала лет за Тајланд кој тргнал од Дубаи на 11 март, но не се појавила на аеродромот, нејзиното семејство и пријатели ја известиле полицијата.
„Постои претпоставка дека отишла на забава. Но, промоторот што ги организирал тие забави не ја видел. Марија на крајот беше пронајдена во болница во тешка состојба. Таа нема документи, нема телефон, ништо. Таа претрпе четири операции и не може да зборува“, рече нејзината мајка.
Пријателката на Марија, руската манекенка Анџелина Дорошенкова (31) изјави дека сите се надеваат на најдоброто и дека се многу благодарни на сите што учествувале во потрагата и помогнале со информации. Анџелина поминувала време со Ковалчук во Дубаи и наводно била поканета на истата забава на 9 март, но на крајот одлучила да се врати во Русија неколку дена порано.
Текстот Мистеријата за претепаната Украинка: Полицијата тврди дека паднала, но постојат сомнежи дека била на настрана забава за ултра богати е превземен од МАКФАКС.