Михаило Подољак: Повеќе од 3 милиони Украинци беа принудени да заминат во европските земји

пред 3 години

Советникот на украинскиот претседател Михаило Подољак денеска изјави дека повеќе од 3 милиони Украинци биле принудени да заминат во европските земји.

– Вкупниот број на внатрешно раселени лица кои ги напуштиле своите градови поради војната и нивните работни места е 11-12 милиони. Само разберете ја оваа бројка – напиша Подољак на Твитер.

Тој додаде дека Русија ги уништува животите на милиони луѓе.

„Зарем ова не е глобална хуманитарна катастрофа?“, праша тој.