Мицотакис утре ќе соопшти дополнителни мерки за Грците

пред 3 години

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис на онлајн состанок на владата најави дека утре ќе бидат соопштени дополнителни мерки за спречување на вториот бран на пандемијата на коронавирусот во земјата.

„Утре ќе објавам нов едномесечен акционен план“, рече грчкиот премиер, додавајќи дека целта на Владата останува да спречи воведување на целосна блокада во земјата.

Грција вчера потврдени рекордни 1.547 нови случаи на коронавирус, а 10 пациенти со Kовид-19 починаа, со што вкупниот број на смртни случаи се искачи на 603.

Од почетокот на пандемијата во земјата 34.299 лица биле заразени со коронавирус, од кои 55,3 проценти се мажи.

Share
Scroll to Top