Американската компанија „Модерна“ денес објави дека го зголемува глобалното производство на вакцина против коронавирус, обидувајќи се да произведат до три милијарди дози во 2022 година.
Компанијата предвидува дека годинава ќе испорача меѓу 800 и милијарда дози од својата вакцина.
Од компанијата велат дека планираат однапред бидејќи на голем дел од светот следната година и понатаму ќе му треба првиот круг на вакцинации против Ковид-19, а исто така се подготвува за можноста на луѓето да им биде потребна дополнителна доза на вакцина.
Вакцините на „Модерна“ се одобрени за употреба кај возрасни во САД, во Европската Унија и во многу други земји.
Компанијата наскоро очекува податоци од американското истражување за примена на нејзината вакцина со две дози на возраст од 12 до 17 години и започна со тестирање на помлади деца.
Исто така се проучуваат и дози на малку модифицирани вакцини со цел подобра борба против вознемирувачките мутирани верзии на коронавирусот.