„Модерна“ ќе достави 20 проценти помалку вакцини во Италија

пред 3 години

Американската фармацевтска компанија „Модерна“ ќе достави 20 проценти помалку вакцини во Италија отколку што е договорено, изјави специјалниот началник за борба против ковидот, Доменико Аркури.

„Во првата недела ќе дојдат само 132.000 дози, што е за 20 проценти помалку отколку што се договоривме“, рече Аркури, пренесе „Ројтерс“.

Италија, како и остатокот од Европската Унија, има проблем поради доцнењето во испораката на вакцини, бидејќи компанијата „Фајзер“ не го испочитува рокот, па официјален Рим испрати предупредувачко писмо.

„Денес сме веќе пократки за 300.000 дози. Секој ден е полош од претходниот. Вакцините не се сокови или грицки, тие се само лек за темната година што е зад нас. Одлуката за одложување на испораката е еднострана и без образложение“, додаде Аркури.

Share
Scroll to Top