Молдавија воведе црвен аларм поради опасност од прелевање на војната од Украина

пред 3 години

Молдавија денеска воведе „црвен“ аларм поради опасност од тероризам, што и официјално го покажа стравот од прелевање на конфликтот во Украина на нејзина територија.

Молдавската претседателка Маја Санда свика седница на Врховниот совет за безбедност поради експлозиите во Придњестровје, соопшти прес-службата на претседателската администрација.

Претходно Министерството за внатрешни работи на непризнатата Придњестровска Молдавска Република соопшти дека во населбата Мајак во Григориополската област одекнале две експлозии, како резултат на кои биле оневозможени двете најсилни антени на радио центарот, преку кој се емитувало руското радио.

Министерството за внатрешни работи на самопрогласеното Придњестровје, на истокот на Молдавија, соопшти дека имало две експлозии во селото Мајак, во областа Григориопол. Во експлозиите нема повредени.

Придњестровје се наоѓа во источна Молдавија и во 1990 година се отцепи од таа држава по кратката граѓанска војна по распадот на Советскиот Сојуз. Има околу 500.000 жители, а Русија има околу 1.500 војници таму кои служат како мировници.

Регионот го привлече вниманието на светската јавност откако вршителот на должноста командант на рускиот Централен воен округ Рустам Минекаев на 22 април изјави дека Русија планира целосно да ја преземе контролата врз Донбас и јужна Украина, додавајќи дека тоа ќе овозможи пристап до Приднестровје.

Share
Scroll to Top