17-годишно момче од Англија од Олдам, кое исчезна во Шпанија во 2017 година, е пронајдено во Франција, соопштија властите.
Тинејџерот, кој се вика Алекс Бати, е пронајден во градот Ревел, источно од Тулуз.
Пред шест години Алекс, тогаш 11-годишен, бил на одмор со мајка си и дедо му кога сите тројца исчезнале на југот на Шпанија.
Полициски извор изјави за Би-Би-Си дека Алекс бил донесен во полициската станица од загрижен возач.
Тој е во добра состојба и не кажа дека на кој било начин бил малтретиран.
Неговата баба и законски старател, Сузана Каруана, изјави за Би-Би-Си во 2018 година дека верува дека мајката и дедото на Алекс го однеле да живее во духовна комуна во Мароко.
Таа додаде дека тие бараат алтернативен начин на живот и дека не сакаат Алекс да оди на училиште.
Текстот Момче кое исчезна пред шест години, е пронајдено во Франција е превземен од МАКФАКС.