Москва предупреди на пропорционален одговор на протерувањето на дипломатите

пред 4 години

Русија пропорционално ќе одговори на протерувањето на нејзините дипломати од голем број западни земји, изјави поранешниот руски претседател и заменик-претседател на Советот за безбедност Дмитриј Медведев, пренесува „Ројтерс“.

„ Сите го знаат одговорот: тоа ќе биде симетрично и деструктивно за билатералните односи. Кого казнија? Пред се себеси“ рече Медведве.

Франција вчера објави дека ќе протера 35 руски дипломати поради војната во Украина, а Германија наведе „значителен број“ руски дипломати кои се прогласени за непожелни.

„ Ако вака продолжи, ќе биде соодветно, како што напишав на 26 февруари – да се удираат вратите на западните амбасади. Ќе биде поевтино за сите. И тогаш на крајот само ќе се погледнеме, на никаков друг начин освен низ нишаните“, рече тој.

Share
Scroll to Top