Москва ја забрани ноќната работа на угостителите за два месеци

пред 3 години

На рестораните и ноќните клубови во Москва ќе им биде забрането да работат од 23 часот до 6 часот наутро во текот на два месеци.

Одлуката е донесена со цел да се потисне ширењето на вирусот ковид 19, објави денеска градоначалникот Сергеј Собјанин.

Собјанин во порака, која ја објави на неговата лична веб-страница, наведе дека овие мерки ќе бидат на сила од 13 ноември оваа година до 15 јануари 2021 година, пренесува „Ројтерс“.

Исто така, студентите треба да имаат часови од далечина, односно преку интернет, во одредениот временски период.

Русија денес објави 20.977 нови инфекции со коронавирус и 368 смртни случаи.

Со вкупно 1.817.109 заразени, оваа земја е петта во светот според бројот на заразени со коронавирус, зад САД, Индија, Бразил и Франција, додава британската агенција.

Share
Scroll to Top