Вдовицата на Навални проговори за апсењето: Путин е убиец и воен злосторник, неговото место е во затвор

Москва ќе ја апси Јулија Навална, сопругата на Алексеј

пред 2 години

Судот во Москва ја отфрли жалбата на одбраната на наредбата за апсење во отсуство на сопругата на опозицискиот лидер Алексеј Навални, Јулија, која е обвинета за учество во екстремистички активности, објавија денеска руските медиуми.

Судот во официјално соопштение наведува дека мерката притвор изречена за Навална на 9 јули останува непроменета, бидејќи жалбата не е прифатена, пренесуваат руските медиуми.

Одбраната побара од Апелацискиот суд во Москва да ја поништи одлуката на првостепениот суд како незаконска и неоснована.

Адвокатот кој ја бранеше Јулија Навални на судењето не ја коментираше пресудата. Расправата, инаку, беше затворена за јавноста.

Веднаш по одлуката на судот во Москова, првостепената одлука стапи на сила, и таа сега ќе биде уапсена секаде на руска територија.

Текстот Москва ќе ја апси Јулија Навална, сопругата на Алексеј е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top