„Мртвите“ вакцини како кинеските се поефикасни против новите видови на коронавирус

пред 3 години

Постои загриженост дека вакцините што се користат низ целиот свет можат да бидат помалку ефикасни против новите видови на вирусот Ковид-19, што сега се гледаат во Велика Британија и Јужна Африка. Кинеските вакцини против „Ковид-19“ кои користат неактивиран вирус, можат да се надоградат и да се справат со новите варијанти за околу два месеци, тврди кинескиот медицински експерт,
Шао Јиминг, научник од Кинескиот центар за контрола и превенција на болести.

Вакцините од Синовак Биотек и Кинеската национална фармацевтска група (Синофарм) се користат во Кина и во странство. Вакцината Синофарм е одобрена за употреба во ОАЕ.

Овие вакцини содржат инактивиран вирус кој не може да се реплицира во човечките клетки.

„ Неутрализирачката способност на антителата предизвикани од кинеските вакцини, кои беа развиени во согласност со варијантата што се шири во градот Вухан кон крајот на 2019 година, се појави послаба во однос на неодамна откриените варијанти во Велика Британија и Јужна Африка“ вели Шао за „Глобал Тајмс“.

Тој наведе студии на кинески компании за вакцинирање и лаборатории.

Share
Scroll to Top