Рускиот опозиционер Алексеј Навални истакна дека неговото изведување пред суд претставува обид да се заплашат милиони Руси. Тој повторно го обвини рускиот претседател Владимир Путин дека дал наредба за неговото труење.
„ Најважната работа на ова судење е да се заплаши огромен број луѓе. Затвораме еден за да заплашиме милиони“ рекол Навални.
44-годишниот Навални денеска беше изведен пред суд поради крешење на условната казна кога летоска итно беше пренесен во Германија поради лекување и му се заканува казна од две ипол години затвор.
Рускиот опозиционер е уапсен на 17 јануари по враќањето од Германија каде пет месеци закрепнуваше од труењето со нервен агенс новичок, за што го обвини Кремљ. Руските власти ги негираат таквите тврдења.