Навални започнува штрајк со глад бара подобра медицинска помош

пред 3 години

Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, кој е во затвор, најави дека ќе започне штрајк со глад со намера да ја убеди затворската управа да му обезбеди соодветна медицинска нега.

Веста се појави денес на инстаграм профилот на Навални, објави Ројтерс.

„Објавувам штрајк со глад со намера да се почитува законот и да ми се дозволи посета на лекар кого јас ќе го изберам“, гласи во написот од Навални, објавен од неговите адвокати.

Навални издржува затворска казна во траење од две и пол години, а неодамна на неговата веб-страница беше објавено дека затворските стражари го мачат не дозволувајќи му да спие.

Share
Scroll to Top