Над милион деца се заразени со коронавирус во САД

пред 3 години

Податоците од студијата на Американската академија за педијатрија покажуваат дека коронавирусот е потврден кај повеќе од милион американски деца. Најголем број новозаразени деца е забележан минатата недела.

Иако тешките случаи на Ковид-19 се чини дека се ретки кај децата, постои итна потреба да се соберат повеќе податоци за долгорочните ефекти на коронавирусот врз децата, вклучувајќи го и емоционалното и менталното здравје, пишува „Њујорк пост“. Како што е наведено, вкупно 1.039.464 деца во САД досега биле заразени со коронавирус, што е 11,5 проценти од сите заразени.

Share
Scroll to Top