Напаѓач пукаше кон возила на автопат во Израел, има загинат

Напаѓач пукаше кон возила на автопат во Израел, има загинат

пред 3 месеци

Еден човек е убиен, а четворица се ранети во пукање на автопат на југот на Израел.

Како што пренесува „Тајмс оф Израел“, тешкоранетиот починал при транспорт во болница, а станува збор за полициски службеник.

Според првичната истрага, полицијата соопшти дека терористот се приближил до патот пеш пукајќи во полицаецот, а потоа ги повредил другите четворица пред да биде застрелан од волонтер од брзата помош, кој случајно се нашол на местото на настанот.

„Возев и видов лице со пиштол како стои на патот“, изјави волонтерот за јавниот радиодифузер „Кан“. „Најпрвин мислев дека е полицаец, а потоа испука неколку куршуми во мене. Скокнав од автомобилот, го извадив пиштолот и го застрелав“.

Патот е повторно отворен откога сообраќајот беше привремено запрен веднаш по нападот.

Според вестите на „Канал 12“, идентитетот на напаѓачот сè уште не е утврден, што укажува дека тој немал досие и можеби илегално преминал од Западниот Брег.

Текстот Напаѓач пукаше кон возила на автопат во Израел, има загинат е превземен од МАКФАКС.