Направен тест за коронавирус преку телефон кој дава резултат за десет минути

пред 3 години

Научниците создадоа апликација за паметен телефон која може да открие Ковид-19 од примерокот на плунка за само 10 минути. Кога е поврзана со специјален микроскоп што може да се вгради во паметен телефон, апликацијата го анализира примерокот на знаци на вирусот.

Според тимот што стои зад оваа апликација, идејата е да се комбинира брзината на антигенскиот тест со точноста на ПЦР тестот.

Првично беше развиен како начин да се бара норонавируси, но научниците од Универзитетот во Аризона сфатија дека оваа апликација може да биде прилагодена и за коронавирусот.

Тестот работи со поставување примерок од плунка на хартија обложена со восок наречена микрофлуидна хартија. Ова го води примерокот преку специфични канали. По поставувањето на примерокот, пациентот додава антитела со флуоресцентни зрна. Доколку има доволно ковид-честички, тогаш антителата се врзуваат за секоја од нив.

„ Под микроскоп, честичките на патогенот се прикажуваат како мали групи на флуоресцентни зрна, кои корисникот потоа може да ги изброи“ објаснуваат истражувачите во списанието „Протоколи на природата“.

Според нив, целата постапка – додавање зрна на примерокот, натопување на хартијата во примерокот, потоа фотографирање со паметен телефон под микроскоп и броење на зрната со апликацијата – трае од 10 до 15 минути.

Share
Scroll to Top