„Насилството како вовед во граѓанска војна“ – Брнабиќ за објавената снимка рече дека тоа е планирање државен удар во Србија

„Насилството како вовед во граѓанска војна“ – Брнабиќ за објавената снимка рече дека тоа е планирање државен удар во Србија

пред 8 часа

Почувствував потреба и обврска да се изјаснам, барем накратко, по снимките што можеше да ги види целата јавност на Република Србија синоќа во 21 часот од состаноци на кои присуствуваа претставници на разни политички партии, невладини организации, оние што се кријат зад студентските пленуми, некои професори учествуваа на тие состаноци. Сите заедно планирале јасно, директно и недвосмислено државен удар, насилство како вовед за граѓанска војна и атентат на претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ“, изјави денеска претседателката на српското Собрание, Ана Брнабиќ.

Таа рече дека најшокантно за неа лично е улогата на Универзитетот во Белград.

„Ќе го цитирам тој дел од снимката. Марија Васиќ, професорка која учествуваше на таков состанок и ниту еднаш не ги предупреди студентите дека тоа што го прават е брутално насилство, дека планира државен удар, дека планира воен удар, дека ќе резултира со масовно крвопролевање бидејќи таму зборуваат за носење чекани, разно оружје. Таа активно учествува во планирањето пуч и граѓанска војна и вели: ‘Дали имаме информации дека Универзитетот во Белград е во контакт со синдикатот на војската’? Мила Паиќ: ‘Не, немаме’. Професорката: ‘Така, белградскиот Универзитет соопшти дека армискиот синдикат стапил во контакт со нив и дека армијата ќе биде подготвена и ќе дојде на нивен повик во случај на акција’“, изјави Брнабиќ.

Таа рече дека нејзиното денешно прашање е „која е улогата на белградскиот Универзитет во планирањето државен и воен удар“.

„Ректорот Ѓокиќ (Владан) и проширената ректорска управа треба што побргу да одговорат на овие прашања на српската јавност. Не попладнево, не вечерва, не утре, туку веднаш. Кој учествуваше во ова и кој ѝ потврди на Марија Васиќ дека се во контакт со синдикатите на српската војска, дека преговараат со Армијата како белградски Универзитет и дека белградскиот Универзитет гарантира оти армијата ќе излезе на улица и ќе реагира? Која е улогата на Универзитетот во Белград во планирањето на државниот и воениот удар?“, праша Брнабиќ.

Таа праша и дали поради тоа е формирана таканаречената експертска работна група, која во својот извештај практично информира, како подготовка за 15 март, дека барањата не само што не се исполнети туку и дека е невозможно да се исполнат.

Најави дека ќе реагираат Обвинителството и сите надлежни органи.

Текстот „Насилството како вовед во граѓанска војна“ – Брнабиќ за објавената снимка рече дека тоа е планирање државен удар во Србија е превземен од МАКФАКС.

Share
Scroll to Top