Франција и Германија го одредија крајот на април како краен рок за постигнување договор за производство на нова генерација борбени авиони.
Тоа е најголемиот европски проект за одбрана поддржан од Франција, Германија и Шпанија, а во рамките на кој европските компании постигнаа договор за поделба на работата во производството на беспилотни летала и авиони со екипаж за идниот борбен воздушен систем (FCAS), пренесува „Ројтерс“.
До 2040 година, ФКАС треба да ги замени „Еурофајтерс“ развиени од „Ербас“, „БАЕ системс“ од Велика Британија и италијанскиот „Леонардо“, како и авионите „Рафал“ произведени од францускиот „Десо“.