Наставничката во основно училиште го убила своето момче кое ја изневерувало во нејзината куќа, а потоа им кажала на сите дека е позитивна на Ковид, за да си купи повеќе време во карантин за да го закопа во нејзината градина, соопшти денеска судот.
Фиона Бил (50) го намамила своето момче, градежникот Ник Билингем (42), во спална соба, го врзала за креветот, а потоа го избол во вратот на 1 ноември 2021 година, беше кажано на судот. Како што пренесува „Дејли мејл“, и како што рекол обвинителот, наставничката однапред го купила ножот, што доведува до планираното убиство.
Наставничката потоа им кажала на пријателите дека парот бил позитивен на „Ковид-19“ за да не биде вознемирувана додека ја закопувала својата жртва,во градината во нивниот дом во Нортхемптон, слушнаа поротниците.
Неговото тело било пронајдено четири месеци подоцна завиткано во чаршафи во импровизирана гробница, откако полицијата ги пронашла нејзините дневници каде таа го пишувала и планирала убиството како нејзино алтер его „Тулип22“.
A teacher who stabbed her partner and buried his body has post PTSD due to coercive control, a court heard.
A forensic psychologist told jurors at Northampton Crown Court Fiona Beal may have experienced a “loss of control” caused by a fear of violence.https://t.co/3Bm1CXWTkg
— David Challen (@David_Challen) May 22, 2023
Бил потоа со месеци го користела телефонот на нејзиниот партнер за да испраќа пораки до неговите пријатели и роднини преправајќи се дека тој е сè уште жив и дека продолжил со друга жена, сослуша судот. Таа го призна убиството од небрежност, но негираше дека го планирала однапред.
Судот слушнал и дека Билингем во минатото имал афери, при што често се иселувал од куќата, но парот секогаш се помирувал.
„На 1 ноември даде позитивен тест за ковид – бидејќи на онлајн апликацијата на Националната здравствена служба можеше да се внесе позитивен тест – додека пред тоа планираше како да го убие своето момче – што и го направи. Го прободела од лево кон десно, па надолу – рече обвинителката и објасни дека „нема докази дека направила ПЦР тест“, и дека „нејзините постапки во следните 10 дена се спротивни на дејствијатаза време на карантин“.
По убиството, Бил ја искористила онлајн сметката на нејзиниот партнер за да купи средства за чистење, лопати за копање, селотејп и горилник за градинарски лисја. Искористила се за да го завитка и закопа партнерот во импровизиран гроб во дворот од куќата.
– Начинот на кој беше завиткан, во кабли, црева и најлонски кеси, не му даваше достоинство ниту по смртта. Тоа покажува целосен презир. Таа не можеше да му прости – додаде обвинителот.
Бил на судењето се бранеше со тоа што немала свест и сеќавање за настанот.
Нејзиниот бранител објасни дека „Бил била во токсична врска со Билингем, а тој ја контролирал и манипулирал со години, сè додека таа не ја „скршила“.
Судењето, кое се очекува да трае шест недели, продолжува.
Текстот Наствничка го убила своето момче – „ковидот“ го искористила за да го закопа телото, а на неговото семејство му пишувала пораки е превземен од МАКФАКС.