НАТО ја предупреди Москва: Доњецк и Луганск се дел од Украина

пред 2 години

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ја предупреди Москва да не ги признава самопрогласените Народни републики Доњецк и Луганск во источна Украина.

„ Доколку тоа се случи, тоа ќе биде уште едно грубо кршење на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, бидејќи нема сомнеж дека Доњецк и Луганск се дел од Украина во нејзините меѓународно признати граници. Не само тоа, тоа ќе биде кршење на договорот од Минск. , па „Ќе го отежне уште повеќе да се најде политичко решение во рамките на договорите постигнати во Минск“, изјави Столтенберг пред новинарите во Брисел, пренесува Ројтерс.

Share
Scroll to Top