Националната гарда што ќе го обезбедува Капитол за инаугурацијата на Бајден ќе биде вооружена

пред 3 години

Силите на Националната гарда кои се моментално распоредени во Вашингтон за да помогнат во зајакнувањето на безбедноста околу зградата на Капитол за Денот на инаугурацијата, ќе бидат вооружени, пренесува „Њујорк тајмс“, цитирајќи неименувани претставници на Министерството за одбрана.

Тие се осврнаа на одлуката на армискиот секретар Рајан Мекарти кој претходно рече дека војниците на Националната гарда стационирани околу Капитол на 20 јануари ќе носат оружје.

Во понеделникот, претседателот Доналд Трамп одобри декларација за вонредна состојба за Вашингтон во пресрет на 59-тата претседателска инаугурација, која ќе остане на сила до 24 јануари и има за цел да ги заштити јавното здравје и безбедност во областа Колумбија.

На почетокот на оваа недела, Пентагон овласти до 15.000 лица од Националната гарда од целата земја да бидат распоредени во Вашингтон за поддршка на полицијата пред и за време на инаугурацијата на Бајден.

Претставници на Министерството за одбрана рекоа дека дури и трупите на Националната гарда директно вклучени во обезбедувањето на комплексот Капитол и распоредени на друго место во областа Вашингтон, „нема да бидат далеку“ од своето оружје.

Нивните коментари уследија по изјавата на генералот Даниел Р. Хокансон, шеф на Бирото за национална гарда, во понеделникот, дека сакаат овие лица да имаат право на самоодбрана и дека ако високото раководство утврди дека тоа е правилна одлука, тогаш тоа е нешто што ќе го сториме “.

Распоредувањето на Националната гарда во Вашингтон доаѓа во време на извештаи дека ФБИ се подготвува да се справи со вооружени протести што се планираат во сите 50 главни градови низ целата земја, вклучително и во пред Капитол, во деновите пред инаугурацијата на Бајден.

„ФБИ доби информации за идентификувана вооружена група која има намера да отпатува во Вашингтон на 16 јануари. Тие предупредија дека ако Конгресот се обиде да го отстрани ПОТУС преку 25. амандман, ќе се случи огромно востание“, се тврди во меморандумот на ФБИ.

Share
Scroll to Top