Најавен шестиот пакет на ЕУ санкции за Русија

пред 2 години

Еврокомесарот за енергетика Кадри Симсон на прес-конференција во Варшава изјави дека шестиот пакет санкции на ЕУ против Русија како одговор на нејзината инвазија на Украина се очекува многу наскоро.

Агенцијата „Ројтерс“ наведува дека точниот датум на пакетот сè уште не е потврден, а како и за претходните рунди на санкции од ЕУ, ќе треба одобрение од земјите на Унијата.

Унгарската влада на Виктор Орбан веќе сугерираше дека ќе се спротивстави на санкциите бидејќи блокирањето на пристапот на Унгарија до рускиот енергетски увоз ќе ја дестабилизира економијата.

Share
Scroll to Top