Највисоките функционери на ЕУ на руската „црна листа“

пред 4 години

На врвот на руската „црна листа“ се највисоките функционери на Европската унија, што е одговор на антируските санкции, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на Русија, пренесува РИА Новости.

„Како одговор на масовните еднострани санкции на ЕУ и во согласност со главниот принцип во меѓународното право, принципот на реципроцитет, руската страна значително го прошири списокот на претставници на земјите-членки на ЕУ и европските структури на кои им е забранет влезот во нашата земја“, се вели во соопштението на министерството.

Се додава дека санкциите ги погодија и претставниците на владите и парламентите на некои земји-членки на ЕУ, како и јавни личности и медиумски работници кои се лично одговорни за промовирање незаконски антируски санкции, поттикнување русофобични чувства и кршење на правата и слободите на население кое зборува руски.

Share
Scroll to Top