Најмалку две лица загинаа во вооружен напад во автобус во Флорида во САД, јавуваат американските медиуми.
Полициски претставници изјавиле дека во автобусот било пукано додека поминувал во близина на полицискиот оддел во Форт Лодердејл.
Властите соопштија дека автобусот по нападот удрил во други возила. Се наведува дека едното лице во автобусот починало на лице место, а другото во болница.
Уште две лица се хоспитализирани, а напаѓачот е уапсен, пишуваат медиумите.